Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Зеленортски Острови без ниту една победа оди во нокаут фазата

Тие сè уште не остварија триумф на Светското првенство, но ги освоија срцата на целиот свет со чудата што ги направија ова лето.

Репрезентацијата на Зеленортски Острови, дебитант на Мундијалот и земја со население од нешто помалку од 500.000 жители, се квалификуваше во нокаут фазата на најголемото фудбалско натпреварување со три историски нерешени резултати.

„Сините ајкули“ од Атлантскиот Океан освоија нов и клучен бод во Хјустон против Саудиска Арабија (0:0).

Националната фудбалска репрезентација, која за прв пат игра на Светското првенство и за која најголемите успеси досега беа две четвртфиналиња на Африканскиот куп на нации, ќе се соочи со актуелниот светски шампион Аргентина и легендата Лионел Меси во 1/16 финалето.

За прв пат по 20 години, дебитант на Светското првенство се пласираше во нокаут фазата.

Претходно одиграа 0:0 со Шпанија и 2:2 со Уругвај и така без ниту еден триумф со три бода како второпласирана оди во нокаут фазата.

Шпанија која славеше со 1:0 против Уругвај со голот на Баена во 42 минута го освои првото место со седум бодови и во нокаут фазата ќе игра против Австрија или Алжир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот