Фото: „Слободен печат“

ФОТО | Тешка сообраќајка кај Плетвар: Еден загинат, превртен камион и колона долга со километри

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар, каде се превртел камион со битолска регистрација.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец.

За загинатото лице потврда дојде од битолската брза помош.

Сообраќајот е во прекин, а колоните се километарски, за што сведочат и фотографиите што ни ги испратија од терен.

Фото: „Слободен печат“

Возачи велат дека колоната од автомобили што чекаат е долга околу 15-20 километри.

Прекинот, како што информираше „Македонија пат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот