Дивоградба во Старото градско јадро во Охрид, фото: Министерство за транспорт

Нема да дозволиме дивеење, велат од Министерство за транспорт откако утврдиле дивоградба што не е срушена во Охрид

Инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ), денеска излегол на терен и направил вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид. При надзорот утвредено е дека и покрај претходно донесеното решение од Инспекторатот за отстранување на објектот, по истото не е постапено, информираа од Министерството за транспорт.

Согласно наодот на инспектор, посочуваат оттаму, Инспекторатот ќе донесе налог за „присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи“.

„Министерството за транспорт останува силно посветено на борбата против нелегалните објекти, доследно и без исклучоци, насекаде низ државата. Законот за градење важи подеднакаво за сите и нема да има селективна примена. Нема да дозволиме дивеење со бесправната градба и узурпација на јавното добро. Продолжуваме со одлучна и неселективна борба против нелегалните објекти со единствена цел, да воспоставиме ред и да го зачуваме јавниот интерес и простор“, соопштуваат од министерството.

ФОТО | Охрид се дави во проблеми: угостители работат без дозвола, врие од дивоградби, општината го тужи „Комуналец“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот