Никола Мемов/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

ЗНАМ за реконструкцијата на владата: Нема конечен договор, сите опции се отворени

Нема конечен договор, сите опции се отворени, велат од ЗНАМ во врска со најавената раконструкција на Владата и очекуваат кон средината на следната недела да се финализираат разговорите.

Портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов, денеска на прес-конференција рече дека внатрешната анализа што ја направила партијата покажала дека нивните функционери делувале во рамки на спроведувањето на владината програма.

За тоа што бара ЗНАМ за возврат доколку го напушти Министерството за правда со кое сега раководи нивни кадар – Игор Филков, Мемов рече дека биле поканети да влезат во Владата, а не барале да влезат.

– ЗНАМ во Владата влезе не заради задоволување на лични амбиции и задоволување на кадровски решенија. Ние влеговме во Владата поради остварувањето на програмските определби, цели и принципи на ЗНАМ кои што се составен дел на владината програма. Оценуваме дека во овој двегодишен мандат владината програма се спроведува со интензитет и на начин кој што сме го димензионирале на самиот почеток при влезот во Владата – рече Мемов.

Според него, реконструкцијата не треба да се толкува како оценување само на министрите на ЗНАМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку како поширока анализа на работата на сите членови на Владата и на реализацијата на програмата.

На прашањето што ќе се случи доколку ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ не постигнат договор, Мемов порача дека „сите опции се отворени“.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека реконструкцијата треба да биде формализирана до крајот на јуни, а предлозите за новите министри најдоцна до 1 јули да бидат доставени до Собранието.

Филков со една нога надвор, а ЗНАМ не знае што да прави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот