Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите, казните до 2.000 евра

Од 1 јули 2026 година стапува во сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од Министерството информираат дека согласноста за воведување на забраната е дадена согласно насоките од Владата, како и по барање на корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја.

Како причина за оваа мерка се наведуваат зголемената опасност и потребата од превенирање појава на шумски пожари на отворен простор. Согласноста е издадена согласно член 57, став 3 од Законот за шумите.

Забраната ќе трае до 31 август 2026 година.

Движењето во шумите во овој период ќе биде дозволено само со писмено одобрување, издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ и од националните паркови, во зависност од подрачјето со кое управуваат.

За непочитување на целосната забрана, физичките лица кои ќе бидат затекнати како се движат во шума или шумско земјиште ќе бидат казнети. Согласно член 106 од Законот за шумите, глобата изнесува од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Истрага на ОЛАФ за проект вреден милион евра – фирма без вработени детектира шумски пожари?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот