Емерс Фае/Fédération Ivoirienne de Football

Швајнштајгер го разочара селекторот на Брегот на Слоновата Коска: Жално е да се слушнат такви коментари

Селекторот на Брегот на Слоновата Коска, Емерс Фае, остро реагираше на изјавите на поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер, оценувајќи дека неговите коментари за стилот на игра на африканската селекција имаат расистичка конотација.

Швајнштајгер, во улога на стручен коментатор, пред натпреварот меѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство изјави дека африканската репрезентација игра „див“ и „африкански“ фудбал и дека не е тактички дисциплинирана, што предизвика бројни реакции.

По историскиот триумф од 2:0 над Курасао, со кој Брегот на Слоновата Коска за првпат обезбеди место во нокаут-фазата на Мундијалот, Фае не го криеше разочарувањето од зборовите на поранешниот светски шампион.

„Жално е да се слушнат такви коментари. Швајнштајгер беше извонреден фудбалер и секогаш го ценев неговото разбирање на играта. Но, по оваа изјава се разочарав од него како човек. Ако работите ги нарекуваме со вистинското име, тогаш тоа може да се сфати како расизам“, изјави Фае.

Тој порача дека најдобар одговор на ваквите оценки ќе бидат настапите на неговата репрезентација на теренот.

„Сакаме да покажеме дека африканските селекции не се само физички моќни, туку и технички квалитетни и тактички добро организирани. Се надевам дека станува збор за несмасно формулирана изјава, а не за став во кој навистина верува. Ако навистина така размислува, тоа е негово право“, додаде селекторот на Брегот на Слоновата Коска, посочувајќи дека можеби Швајнштајгер со ваквите коментари сакал да привлече внимание како телевизиски аналитичар.

Бунт во соблекувалната на Уругвај: Валверде и соиграчите му свртеле грб на Биелса

Турција го заврши настапот на Мундијалот, но Ајхан испиша историја

Мундијалот руши рекорди по број на гледачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот