Ѓорѓе Стојчев/Брера Струмица

Брера го избра тренерот за новата сезона

Брера Струмица го промовираше Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на стручниот штаб, доверувајќи му ја задачата да го предводи тимот во претстојната сезона.

Стојчев е добро познато име во клубот и зад себе има успешна сезона со младинската екипа, која под негово водство ја освои двојната круна, триумфирајќи и во шампионатот и во Купот на Македонија.

Ова нема да биде негово прво искуство на клупата на сениорскиот тим на Брера. Во 2022 година веќе го предводеше струмичкиот состав, кој тогаш ја заврши сезоната на второто место на табелата. Покрај клупските обврски, Стојчев од почетокот на годинава ја извршува и функцијата помошник-селектор на македонската репрезентација до 19 години.

Подготовките за новата сезона Брера ќе ги стартува на 13 јули, а во рамки на подготовителниот период е предвидено тимот да одигра пет контролни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот