фото: mtftennis.mk

Познато против кого може да игра Ѓорческа ако приреди сензација со Анисимова

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа доби исклучително тежок ждреб за својот дебитантски настап на Вимблдон, а веќе е познат и можниот пат доколку успее да приреди големо изненадување во првото коло.

Ѓорческа на стартот ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, една од најдобрите тенисерки во светот и минатогодишна финалистка на Вимблдон. Американката е голем фаворит во пресрет на дуелот, но евентуален триумф на македонската тенисерка би претставувал една од најголемите сензации на турнирот.

Доколку избори пласман во второто коло, Ѓорческа ќе игра против победничката од натпреварот меѓу Хрватката Петра Марчинко и Американката Медисон Кис.

На хартија, фаворит во тој дуел е Кис, која моментално се наоѓа на 27. место на ВТА-листата, додека Марчинко е рангирана на 51. позиција.

Противничката на Ѓорческа во 2023 година се повлече од тенисот, а кога се врати заигра како никогаш претходно

ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад

Ѓорческа: Сонот стана реалност, ние сме мала земја со големо спортско срце!

ВИДЕО | Поенот за историски пласман на Ѓорческа на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот