ВИДЕО | Поенот за историски пласман на Ѓорческа на Вимблдон
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис, откако за првпат во својата кариера обезбеди пласман во главниот жреб на Вимблдон.
Препорачано
Во последното квалификациско коло, Ѓорческа одигра извонреден натпревар и убедливо ја совлада Италијанката Бронзети, која беше фаворит пред мечот и моментално се наоѓа на 127. место на ВТА-листата.
Иако натпреварот започна со брејк за противничката уште во првиот гем, македонската тенисерка брзо ја презеде контролата. Таа одговори со серија од шест последователни гема и со убедливи 6-1 го освои првиот сет.
Во вториот дел од мечот Ѓорческа продолжи со сигурна и концентрирана игра. Не му дозволи на противникот да ѝ го одземе сервисот, а со уште еден убедлив сет од 6-2 го завери најголемиот успех во својата кариера.
Со овој резултат, Ѓорческа не само што ќе дебитира на главниот турнир на најпрестижниот тениски грен-слем на тревна подлога, туку ќе стане и првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во сингл-конкуренција на главен жреб на еден грен-слем турнир.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
54мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


