Бутел се засили со голман од Вардар
Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на скопскиот суперлигаш е голманот Марко Богдановски, кој стави потпис на двегодишен договор.
Препорачано
25-годишниот чувар на мрежата пристигнува од актуелниот шампион Вардар каде што помина две и пол сезони и беше дел од тимот што ја освои двојната круна во македонскиот ракомет.
Со трансферот во Бутел, Богдановски повторно ќе соработува со Стојанче Стоилов, кој од ова лето ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на клубот.
Кариерата на Богдановски започна во школата на Металург, а потоа настапуваше за Јуниор Кисела Вода, Голден Арт и Аеродром, а во Вардар беше од 2022 година.
Со неговиот ангажман Бутел го формираше голманското трио во кое се уште Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов.
Вардар 1961 од четвртиот шешир ги дознава ривалите во Лигата на шампионите
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


