Вардар 1961 од четвртиот шешир ги дознава ривалите во Лигата на шампионите
В петок, 26 јуни, ќе се одржи ждрепката за групите во ЕХФ машката и женската ракометна Лига на шампионите, со почеток од 11.0 часот.
Препорачано
Во сезоната 2026/27 24 екипи во машка конкуренција ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи, додека жените ќе продолжат во истиот формат со две групи од по осум екипи.
Ракометниот клуб Вардар 1961 ја освои титулата домашната Суперлига, потоа аплицираше за настап во елитното клупско натпреварување, чие барање подоцна беше прифатено од Европската ракометна федерација.
Скопските „црвено-црни“ предводени од тренерот Иван Чупиќ ќе бидат во последниот четврти шешир заедно со Архус, Целје Пивоварна Лашко, Партизан, Криенс-Луцерн и Кристијанштад.
ЕХФ Лига на шампиони (мажи)
Сезона 2026/27
Шешир 1
Алборг (Данска)
Барса (Шпанија)
Нант (Франција)
Магдебург (Германија)
Веспрем (Унгарија)
Спортинг (Португалија)
Шешир 2
Монпеље (Франција)
ПСЖ (Франција)
Фуксе Берлин (Германија)
Мелсунген (Германија)
ПИК Сегед (Унгарија)
Киелце (Полска)
Шешир 3
Загреб (Хрватска)
ГОГ (Данска)
Колстад (Норвешка)
Висла Плоцк (Полска)
Порто (Португалија)
Динамо Букурешт (Романија)
Шешир 4
Архус (Данска)
РК Вардар 1961 (Македонија)
Целје Пивоварна Лашко (Словенија)
Партизан (Србија)
Криенс-Луцерн (Швајцарија)
Кристијанштад (Шведска)


