Фото: Зелен хуман град

ПРАШАЊЕ НА НЕДЕЛАТА: Речиси 60 отсто од анкетираните читатели поддржуваат странски дата-центри во Македонија

„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали во Македонија ѝ се потребни страски дата центри?

Според последните резултати од 25 јуни, скоро 60 отсто од анкетираните граѓани одговориле „да“, 38,54 проценти се изјасниле негативно по прашањето, додека само 1,48 отсто кликнале „не знам“.

Прашањето со дата-центрите отвори голема дискусија низ земјата, особено откако премиерот Христијан Мицкоски рече дека десетици компании покажале интерес за инвестиции во дата-центри во Македонија, нагласувајќи дека тоа е чекор кон развој на вештачка интелигенција и дигиталната економија. Тој порача дека државата нема да се повлече и покрај критиките и „хистеријата“ на социјалните мрежи.

Меѓувремено, повеќе организации, еколози и опозициски партии реагираа за можни еколошки влијанија на дата-центрите, особено во трошењето ресурси, вода и струја.

Таква загриженост искажаа и бројни граѓани при нашата видеоанкета на темата.

ВИДЕОАНКЕТА: Дата-центри во Македонија, да или не?

Гласајте на нашето ново прашање на неделата достапно на нашата веб-страница „Дали треба да се забранат електрични тротинети за млади под 18 години?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот