Хрватска/HNS

ВИДЕО | Хрватска ја доби Панама и остана во игра за осминафинале, Колумбија се радуваше против Конго

Колумбија и Хрватска забележаа минимални победи во второто коло од групната фаза, совладувајќи ги Конго и Панама со идентични 1-0.

Колумбијците брзо ја погодија кога Муњоз ја затресе мрежата во шестата минута, но по интервенција на ВАР погодокот беше поништен поради офсајд. Сепак, јужноамериканската селекција продолжи да притиска и да создава шанси, а наградата стигна во 76. минута. Повторно во главна улога беше Муњоз, кој овојпат постигна регуларен гол и ѝ донесе три бода на својата репрезентација.

По две одиграни средби во групата К, Колумбија е осамена на врвот со максимални шест бодови. Португалија има четири, Конго еден, додека Узбекистан сè уште нема освоено бод.

Во групата Л, Хрватска остана во трката за место во осминафиналето благодарение на триумфот над Панама. Одлучувачкиот момент се случи во 54. минута кога Анте Будимир ја круниса одличната акција во која учествуваа Марко Пашалиќ и Јосип Станишиќ.

До крајот на натпреварот избраниците на Хрватска успешно ја сочуваа предноста и стигнаа до важна победа. За Панама, пак, поразот значеше и дефинитивно збогување со надежите за пласман во нокаут-фазата.

Натпреварот ќе остане запаметен и по јубилејот на Лука Модриќ, кој го одигра својот 200-ти меч во дресот на хрватската репрезентација.

По две кола во групата Л, Гана и Англија се на врвот со по четири бодови, Хрватска има три и се наоѓа на третата позиција, додека Панама останува без бодовно салдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот