Дожд невреме/ фото/ слободен печат/слободан ѓуриќ

Нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степени.

Поради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло, прогнозира УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот