Евзони темница, без струја / Фото: Фејсбук/Grcka Info

Колапс на Евзони — гром ја погоди струјата, туристите заглавени во мрак

Гром предизвика технички проблеми на граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница, објавија српски медиуми.

Ударот на громот предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи.

Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот.

Српски туристи објавија на социјалните мрежи дека останале во мрак поради дефектот со струјата.

Дополнителни тешкотии се појавија поради проблеми со интернет-врската, па дури и во областите каде што снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано, системите не работат со полн капацитет.

Поради комбинација од прекини на електричната енергија и прекини во комуникациските мрежи, имаше сериозни застои и отежнато функционирање на преминот, што предизвика целосен колапс на работата на граничните служби.

Граѓаните кои треба да го преминат овој граничен премин навечер велат дека се загрижени за целата ситуација бидејќи не знаат што ги чека.

Пороен дожд, грмежи и град ги погоди Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Капија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот