Илустрација - маж што вреска / Фото: Pexels

ВИДЕО | Гинисов рекорд — Австралијанец стана најгласниот човек во светот со вресок од 122,4 децибели

Џозеф Мекгрејл-Батеап од Канбера, е впишан во Гинисовата книга на рекорди откако извика 122,4 децибели во радиостудио на 2 мај.

Гинисовата книга на рекорди минатата недела потврди дека 58-годишниот Австралиец го срушил претходниот рекорд за најгласен единечен крик.

Тој го изговори зборот „сега“, соборувајќи го претходниот рекорд од 121,7 децибели поставен во 1994 година од наставничката од Северна Ирска, Аналиса Фланаган, која извика „тишина“.

Мекгрејл-Батеап работи како професионален чистач на клима-апарати, а е и почесен градски гласник на Канбера, позиција што ја држи од 2017 година. Тој вели дека обидот за рекорд бил особено тежок затоа што, според неговите зборови, тоа не е нешто за што навистина можете да тренирате.

– Нема шанси навистина да го вежбате. Мора да зачувате сè за денот, особено за обид за светски рекорд – рекол тој.

Тој додаде дека му биле потребни седум обиди да каже само еден збор и дека гласот му бил оштетен неколку дена потоа.

– Ми беа потребни седум обиди за само еден збор, а тоа беше зборот „сега“, а гласот ми беше уништен во следните неколку дена. Беше рапав. Беше ужасно. Значи, навистина не можете да го вежбате. Но, многу е забавно додека го правите тоа – рекол тој.

Неговиот крик бил снимен на 2 мај во радиостудио во Канбера, во присуство на професионален акустичен инженер и сведоци, по што снимките биле испратени до Гинис, кој го објави рекордот во петок. Мекгрејл-Батеуп, исто така, изјави дека не планира да го брани рекордот по секоја цена: „Ако некој ме победи, тоа е одлично. Рекордите постојат за да бидат соборени.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот