Полицаец на улица / Фото: - ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени

Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени во кривични постапки за што заработи кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Полицаецот Б.Т., вработен во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп е осомничен дека во мај годинава при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело се стекнал со податоци кои претставуваат службена тајна во предистражна постапка. Неколку дена подоцна при приватна комуникација преку мобилна апликација, добиените податоци ги споделил на бранител на осомничен во постапката, а се однесувале на дадени искази на лица лишени од слобода на кои им била определена мерка притвор, како и податоци во врска со издадени наредби за приведување на лице“ се вели во соопштението.

Поради овие активности, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за кривично дело оддавање службена тајна.

Три возила се судриле на патот помеѓу Прилеп и Битола — повредени се седуммина, меѓу нив и две деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот