Фото: илустрација / Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Во тепачка меѓу две соселанки, помладата со тврд предмет ја удрила постарата

Триесет и двегодишна жена од скопското село Побожје за време на расправија со тврд предмет ја нападнала нејзината 68-годишна соселанка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, двете жени имале нарушени меѓусебни односи по што избила и тепачка.

„На 20.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Побожје, општина Чучер Сандево, П.Ѓ. (32) од истото село, по претходно нарушени меѓусебни односи, со тврд предмет ја нападнала Љ.Т. (68), исто така од село Побожје“ соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Млад тетовчанец избоден со нож пред универзитетот во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот