Противпожарно возило / илустрација

Пожарникар повреден во експлозија во Визбегово

Пожарникар завршил со повреди на ногата и увото од експлозија која се случила додека заедно со колегите гаселе пожар на дива депонија, соопшти Центарот за управување со кризи.

– При интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност – велат од ЦУК.

Причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок.

ФОТО | Голем чад се издига кај Долно Лисиче — се запали дива депонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот