Излезе „Културен печат“ број 336 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 336, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.6.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Василија Чали, директорка на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје: „Скопско лето“ е простор за средба на различни култури, идеи и уметнички изрази
– разговор со Никола Кукунеш, директор на НУМ „Струшки вечери на поезијата“: Се надеваме дека новиот термин ќе има позитивен импулс
– изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ во Градскиот парк во Скопје носи моќна порака за соработка и заедништво
– четири вечери на класичен и современ танц во Скопје ќе донесе четвртото издание на фестивалот „Credence Dance“ во организација на Факултетот за музичка уметност при УКИМ
– Друштвото на писателите на Македонија ќе им ги врачи наградите „Книжевен жезол“ на Ристо Василевски и на Роза Бојанова
– Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) на 18 јуни ги додели почесните награди „Златна рамка“, кои годинава ги добија актерот Владо Јовановски, костимографката Роза Трајческа, филмскиот работник Димитар Јакимовски и директорот на фотографија Апостол Трпески
– ликовни дела од Петар Мазев цел месец ќе бидат изложени во „МТС Дворана“ во Белград
– француско-македонското „Дуо Солипсе“ (Duo Solipse) го објави својот нов албум „Pour que la nuit…“, замислен како поетско патување низ ноќта
– независниот театар „Златен Елец“ во овој период ги подготвува дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска и претставата „Теорема“ од Пјер Паоло Пазолини во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ
– во Драмскиот театар почнаа пробите на дипломската претстава „Алиса се враќа дома“ по текст на Ивана Смилевска и во режија на Моника Ставревска
– излезе од печат поетската книга „Првата ноќ и вториот рај“ од авторката Сузана В. Спасовска, во издание на издавачката куќа „Слово“.



