потрошувачка кошничка
Синдикална кошница / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

На четиричлено семејство му требаат над 68 илјади денари за да го помине месецот, најмногу се троши за јадење

Над 68 илјади денари му биле потребни во јуни на едно четиричлено семејство за да ги задоволи основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци за синдикалната минимална кошница што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, а најмногу пари се трошат за јадење.

Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари.

За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно 6.511 денари минимум му биле потребни на едно четиричлено семејство за облека и обувки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот