Автомобили - Фото: Pexels

Повеќето Европејци сметаат дека е луксуз да поседуваш автомобил, покажува ново истражување

Поседувањето автомобил стана „луксуз“ за 80 отсто од Европејците и 86 проценти од испитаниците Французи, покажа новото истражување, кое го истакнува растечкиот финансиски притисок врз луѓето од Европа кога се работи за трошоците за купување и одржување на возилата, пренесува Анадолу.

Анкетата на „Aramisauto-OpinionWay“ покажа дека Франција има најнизок месечен буџет во Европа за купување нов или половен автомобил, во просек од 283 евра, што е намалување од 112 евра во споредба со 2024 година.

Се наведува дека 98 отсто од француските возачи сметаат дека користењето автомобил е скапо, а 57 проценти велат дека тоа е најголем трошок во нивното домаќинство.

И покрај тоа, две третини од Европејците сè уште се потпираат на автомобили за патување до работа, а 91 отсто од француските испитаници велат дека не би можеле да патуваат како што сакаат без автомобил.

Анкетата, исто така, покажа промена кон одлуки што повеќе се водени од трошоците, при што 91 проценти од француските купувачи им даваат приоритет на финансиските критериуми, како што се куповната цена, потрошувачката на гориво и трошоците за одржување, додека емоционалните фактори, како брендот и дизајнот, опаѓаат во важноста.

Според извештајот, 60 отсто од Европејците размислуваат за купување електрични или хибридни возила, иако многумина се противат на обврзувачките рокови за постепено укинување на моторите со внатрешно согорување.

Како да заштедите на гориво — „тргни-застани“ најмногу троши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот