Мадона одржа концерт на њујоршкиот Тајмс Сквер на 4 јуни 2026 година / Фото: Профимедиа

Мадона откри како ги бирала партнерите — нејзиниот критериум е тотален хит

Поп-кралицата Мадона отсекогаш привлекувала големо внимание од јавноста, па покрај музиката, нејзиниот љубовен и приватен живот отсекогаш им бил интересен на многумина. Минатите врски на Мадона со момчињата, сопрузите и гласините за авантурите го држат нејзиниот љубовен живот на насловните страници со години. Иконската кариера на кралицата на попот се протега низ децении, како и нејзиниот љубовен живот.

Мадона и денес интригира со своите животни и љубовни избори, а сега откри и како ги избирала своите партнери во минатото. Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), во текот на сите децении што ги поминала на јавната сцена, може да се пофали со бурен љубовен живот. Таа во моментот е во врска со Акем Морис, кој е 38 години помлад од неа, но тоа не е најшокантниот детаљ во нејзината биографија. А, многумина велат дека пејачката е „слаба“ на млади мажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Popper (@_joshpopper)

Избор на момчиња во нејзин стил

Мадона наводно ги оценувала своите момчиња според еден малку необичен критериум – распоредот на бањата. Кралицата на поп-музиката признала дека во текот на 80-тите години, кога била дел од њујоршката клупска сцена, ги прашувала потенцијалните момчиња дали имаат када и туш што може да ги користи.

– Излегував со момчиња во зависност од тоа дали имаат када и туш што можам да ги користам. Јас прашував: „Добро, каде живееш?“, а тие одговараа: „На Упер Вест Сајд“. А јас прашував: „Дали имаш када?“ Тоа беше голем плус за мене –  смеејќи се раскажала 67-годишната Мадона гостувајќи во емисијата „Рент фри“.

Но, тоа не била единствената „погодност“ што поп-ѕвездата ја барала кај мажите со кои се гледала.

– Ќе отидев кај момчето или потенцијалното момче и едноставно ќе се искапев или истуширав. И ја јадев храната на неговата мајка! – објаснила Мадона со смеа.

Мадона неодамна шокираше со признанието кој од партнерите бил најдобар љубовникЏон Кенеди Помладиот, син на порашениот американски претседател Џон Кенеди.

Има 29-годишно момче

Добитничката на седум награди Греми има импресивен список на партнери зад себе, вклучувајќи ги Тупак Шакур, Ворен Бити, Алек Родригез и поранешните сопрузи Шон Пен и Гај Ричи, со кого ги има синот Роко (25). Пејачката е мајка и на ќерката Лурдес (29), која ја доби со Карлос Леон. Славната пејачка ги посвои и Дејвид Банда (20), Мерси (20) и близнаците Стела и Естера (13).

Денес, се чини дека ги оставила тие навики зад себе и е во стабилна врска со Акем Морис. Иако врската со својот 29-годишен партнер ја држи претежно приватна, повремено споделува детали од нивниот секојдневен живот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Akeem Morris (@akkmorris)

Кралицата на попот беше во брак двапати – прво со Шон Пен од 1985 до 1989 година, потоа со Гај Ричи од 2000 до 2008 година. 

 

ВИДЕО | Мадона пак го шокира светот: Ќе стане учителка, а за духовниот курс ќе наплатува по 25 евра месечно

Шакира, Мадона и „БТС“ ќе настапат на првото шоу на полувреме во историјата на Мундијалите

ФОТО | Мадона повторно провоцира: Со новите фотографии ги остави сите без текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот