ФОТО | Мадона повторно провоцира: Со новите фотографии ги остави сите без текст
Мадона, вечната провокаторка и икона на поп музиката, повторно го запали интернетот со серија фотографии кои многумина ги оставија без зборови, а некои се прашуваа дали претерала.
Препорачано
View this post on Instagram
Во розов сатенски корсет, со крзнена јакна преку рамото и долги чипкани ракавици, Мадона ја врати енергијата на 90-тите, потсетувајќи ги обожавателите на „Блонд Амбишн“ („Blond Ambition“) периодот, сметан за еден од најпровокативните моменти во нејзината кариера.
„Добра недела за диви…“ – напиша таа покрај колекцијата фотографии на кои се гледа во разни предизвикувачки и провокативни пози, вклучувајќи и позата „на сите четири“, каде е клекната на колена, опкружена со розова гитара и необични реквизити.
На фотографиите ѝ се придружија и нејзините две ќерки, облечени во корсети и крзно, што дополнително ја потенцира можната подготовка на Мадона за моден и визуелен „камбек“ со класичен стил, но со современ пресврт.
Фановите веднаш ја препознаа инспирацијата од култниот корсет на Жан-Пол Готје од 80-тите, кој Мадона тогаш го направи свој заштитен знак и кој остана во историјата на поп културата. Очигледно, кралицата на корсетите сè уште знае како да го „запали“ интернетот – без многу напор.
Покрај фотографиите, Мадона подготвува и нов албум кој треба да излезе следната година, враќајќи се во „Ворнер Рекордс“ (Warner Records) речиси две децении по напуштањето на издавачката куќа.


