Фото: CNP/AdMedia / ADMedia / Profimedia

„Борбениот дух ми се врати благодарение на децата“ – Анџелина Џоли проговори за разводот и соочувањето со смртта

Славната холивудска актерка Анџелина Џоли даде моќно интервју по повод нејзиниот најнов филм „Couture“, во кој ја игра улогата на Максин, режисерка на хорор филмови која истовремено минува низ тежок развод и се соочува со дијагноза на рак на дојка, пишува „Верајети“. Џоли признава дека улогата силно ја допрела бидејќи ја отсликува нејзината реалност.

epa-efe
Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Иако самата немала рак, актерката во минатото направи превентивна двојна мастектомија поради опасен ген, а од истата болест ги загуби мајка ѝ и баба ѝ. Снимањето на сцената во која докторот ги испишува линиите за операција на нејзините гради ѝ ги вратило сеќавањата на сопствената битка за здравјето.

„Ја изгубив мајка ми млада и никогаш немав чувство дека ќе живеам долго. Веќе ги поминав годините во кои на мајка ми ѝ беше дијагностициран рак. Често живеам со чувство дека времето ми истекува, па ги воспитував децата речиси подготвувајќи ги за моето заминување, а не за тоа дека еден ден ќе бидам баба. Тоа се случува кога смртта ја сфаќате како реалност“, искрена е Џоли.

Анџелина Џоли со децата / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

„Децата ме натераа повторно да почнам да живеам“

Филмската ѕвезда во интервјуто се осврна и на приватниот живот и тешкиот развод со Бред Пит, откривајќи дека пред разделбата имала намера целосно да се откаже од актерството и да се посвети на режијата. Сепак, финансиските причини и желбата да биде поблиску до семејството ја вратиле пред камерите.

„Мојот борбен дух конечно се врати. На некое време го изгубив, бев малку скршена, но се врати во голема мера благодарение на моите деца. Тие сега се веќе пораснати, речиси сите имаат по 18 години. Ме познаваат најдобро од сите и ме тераат да излегувам, да патувам и да му се вратам на онаа верзија од себе која ја немав почувствувано со години“, вели актерката.

Уште едно дете се откажа од Бред Пит: Ќерката Вивиен повеќе не го користи неговото презиме

Анџелина Џоли го напушта Холивуд: „Повеќе не може да избега од драмата со Бред Пит“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот