Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

По 8 години го прекина молкот: Бред Пит проговори за неговиот драматичен развод со Анџелина Џоли

Бред Пит за првпат проговори за неговата тешка, осумгодишна правна битка со Анџелина Џоли, која заврши во декември откако таа поднесе барање за развод во 2016 година.

Оскаровецот не се пожали, туку се обиде да ја намали важноста на правната битка што е омилена тема на медиумите речиси една деценија.

Но, во јунското издание на списанието „Џи-кју“, додека го промовираше својот нов филм за автомобилски трки, Ф1, тој се осврна на неговата животна приказна.

Имено, Бред рече дека конечниот заклучок од нивната борба не бил „голема работа“.

„Не, не мислам дека беше голема работа“. Само нешто што дојде до својот крај. Правно“, рекол тој за разводот.

Актерот додаде и дека неговиот љубовен живот е „секогаш во медиумите“.

„Тоа е во медиумите веќе 30 години. Или верзија од мојот приватен живот, така да се каже“, изјавил за „Џи-кју“.

Да потсетиме, Пит и Џоли, кои имаат шест деца заедно, Медокс (23), Пакс (21), Захара (20), Шајло (19), Нокс (16) и Вивиен (исто така 16), се венчаа во 2014 година откако се запознаа на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Тој сега живее во својот дом во Лос Анџелес со својата девојка, Инес де Рамон, 32. Двојката, која јавно ја објави својата врска во ноември 2022 година, ќе ја прослави својата трета годишнина оваа пролет.

ФОТО | Бред Пит има нова фризура: Ја оправдува титулата на еден од најзгодните актери на сите времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот