Кејт Мидлтон / Фото: Profimedia

ВИДЕО | „Те гледам!“: Кејт Мидлтон со симпатичен гест кон малечок обожавател на „Ројал Аскот“

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, остави навистина убав впечаток со својот непосреден однос кон обожавателите за време на годинашниот „Ројал Аскот“, најпрестижниот британски коњички настан.

На вториот ден од манифестацијата, одржана на 17 јуни, принцезата Кејт и принцот Вилијам пристигнаа во традиционалната кралска поворка со кочии. Додека разговарала со сопатниците, принцезата слушнала детски глас од публиката како ја повикува: „Принцезо Кејт!“.

Иако првично продолжила со разговорот, штом сфатила дека ја повикува дете, таа се свртела кон насобраните посетители, насмеано замавнала со раката и му одговорила: „Сè уште можам да те видам!“. Моментот бил снимен и споделен на социјалните мрежи, каде брзо привлече внимание.


Кејт имала кратки и пријателски разговори и со други посетители. Во едно видео, обожавателка ѝ довикнала дека изгледа прекрасно, на што принцезата одговорила: „Ви благодарам! Се надевам дека сонцето ќе остане“, предизвикувајќи смеа кај присутните.


За настанот, Кејт избра впечатлив жолт фустан од брендот „Роксанда“, комбиниран со соодветна шапка, што дополнително го привлече вниманието на модните познавачи.

Во меѓувреме, и принцот Вилијам беше во добро расположение. Еден посетител му довикнал „Up the Villa“, познат навивачки слоган на неговиот омилен фудбалски клуб Астон Вила. Принцот низ смеа одговорил и се пошегувал дека сега сите го користат тој израз.

Ова беше прво присуство на принцезата на „Ројал Аскот“ од 2023 година. Нејзиното отсуство во изминатите години беше поврзано со лекувањето од рак, за кое јавно проговори во март 2024 година. Во септември истата година соопшти дека ја завршила хемотерапијата, а во јануари 2025 година објави дека е во ремисија.

Во последните месеци принцезата постепено се враќа на јавните обврски, а нејзиното појавување на „Ројал Аскот“ беше уште еден знак дека повторно активно учествува во кралските активности.

ФОТО | Кејт Мидлтон го оживеа култниот изглед на свекрвата од 1987 година за роденденот на кралот Чарлс Трети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот