Зошто никогаш не треба да се туширате со ладна вода на горештините
Кога ќе удар горештеините, многумина бараат спас во ладен туш. Но, иако таквото освежување обезбедува моментално олеснување, тоа, всушност, не му помага на телото да се разлади, а за некои може да биде и ризично, пишува „Индепендент“.
Препорачано
Зошто ладниот туш не е решение
Иако туширањето со ладна вода веднаш по престојот на високи надворешни температури може да биде пријатно за кожата, тоа не помага во намалувањето на внатрешната телесна температура, а за некои луѓе може да биде и опасно.
Кога кожата е изложена на студ, крвните садови во близина на површината се стеснуваат, намалувајќи го протокот на крв во тие регии. Значи, ладниот туш предизвикува спротивен ефект од посакуваниот, бидејќи помалку крв стигнува до површината на кожата. Тоа ја задржува топлината во и околу органите, наместо да ја ослободува. Во суштина, телото добива погрешен сигнал дека не треба да се разлади, туку дека треба да ја зачува топлината.
Опасност од ладен шок
Во зависност од тоа колку е ладна водата, наглото изложување може да предизвика и опасни последици. Водата на температура од околу 15 степени може да предизвика реакција на ладен шок. Ова предизвикува нагло стеснување на крвните садови во кожата, што го зголемува крвниот притисок, бидејќи срцето мора да пумпа крв против зголемениот отпор.
Оваа реакција може да биде особено опасна за луѓе со постоечки срцеви болести, како што е коронарна болест на артериите. Ладниот шок може да доведе и до неправилно работење на срцето, па дури и смрт при нагло преминување од многу топла во ладна средина.
За среќа, ваквите случаи се ретки и веројатно нема да се случат додека се туширате дома. Сепак, поради наведениот ризик, би било добро да се избегнуваат ледени купки и ненадејно туширање во ладна вода во жежок ден.
Ниту врелиот туш не е добар
Ниту жешкиот туш туш не е добра идеја во текот на горештините. Иако понекогаш се тврди дека врелиот туш му помага на телото побрзо да се разлади, тоа, за жал, не е вистина. Водата што е потопла од телото ја пренесува топлинската енергија на телото, спречувајќи го да ја ослободи сопствената топлина и потенцијално зголемувајќи ја својата внатрешна температура.
Во жежок ден, најдобар избор е млака купка или туш. Доказите сугерираат дека водата на температура од 26 до 27 степени е најефикасна. Тоа помага крвта да се извлече на површината заради ладење, а притоа водата не е доволно ладна за телото да „помисли“ дека треба да ја зачува топлината.
Ладната вода и хигиената
Постои уште една причина да го прескокнете ладниот туш во жежок ден – тој можеби нема ни да ве измие како што треба. Кога ни е жешко, се потиме, а потта се меша со себумот и бактериите на кожата, што создава непријатен мирис. Докажано е дека студената вода е помалку ефикасна во отстранувањето и разградувањето на себумот и другите нечистотии од кожата во споредба со потоплата вода, што значи дека непријатниот мирис може да потрае.
Ладната вода, исто така, предизвикува затегнување на кожата, што може да го зароби себумот и нечистотија во порите. Тоа може да доведе до појава на митисери и акни. Од друга страна, топлата или млака вода помага да се растворат и ослободат нечистотиите од порите.
Додека планирате да избегате од топлината оваа недела, млакиот или разладениот туш е побезбеден и поефикасен избор од ледениот. Тоа ќе му овозможи на вашето тело да се ослободи од вишокот топлина без штетни последици.
Ако, сепак, сакате дополнително да се разладите, правете го тоа постепено за да не го шокирате системот за регулирање на температурата на телото. Постепеното намалување на температурата на водата или бавното потопување на екстремитетите, еден по еден, може да помогне во овој процес.
Треба ли да се загрижиме: Експерти објасниja зошто губиме толку многу коса под туш
Коса, лице или стомак? Првото нешто што го миете кога се туширате открива какви сте во кревет


