Фото: Pexels/ cottonbro studio

Коса, лице или стомак? Првото нешто што го миете кога се туширате открива какви сте во кревет

Постои теорија која вели дека начинот на кој се туширате кажува многу за вашата сексуалност, карактер и навики. Така велат дека оние кои прво ги пенат гениталиите се многу срамежливи, додека оние кои прво ги мијат лицата се себични, пишува „Најжена.рс“.

А, што вие прво туширате?

Градите

Ако прво ги миете градите, вие сте практични, не сакате да ве прекинуваат и немате многу трпение за луѓето кои не ги гледаат работите онака како што вие гледате. Вие сте добар сексуален партнер и со задоволство ќе пробате нешто ново во кревет.

Лице

Парите се најважната работа во вашиот живот и ќе направите сè за да ги добиете. Интегритетот и достоинството не ви се толку важни. На другите луѓе им е тешко да ве разберат, но нивното мислење не ве мачи премногу. Многу сте себични, а такви сте и во кревет.

Пазуви

Вие сте сигурни и вредни. Луѓето ве сакаат затоа што стоите цврсто на земја и секогаш сакате да им помагате на другите луѓе. Сепак, понекогаш влегувате во неволја бидејќи не можете добро да процените дали некој е искрен со вас или не. Дарежливи сте во креветот и многу ви е важно партнерот да ужива во вас.

Гениталии

Вие сте срамежливи. Ви недостасува самодоверба и луѓето често ве малтретираат. Немате многу пријатели, не сте упорни и лесно се откажувате. Но, вие сте голем љубовник. Со многу малку луѓе споделувате длабоки, искрени емоции, но за неколку секунди ја наоѓате вашата внатрешна сила.

Коса

Вие сте дефинитивно уметнички тип. Најсреќни сте кога се занимавате со вашето хоби и можете да постигнете повеќе во животот од другите, бидејќи вашиот талент е вашиот главен адут. Ви недостига посветеност, но неуморно ќе работите на патот до целта. Може да се каже дека сте најдобри во сексот бидејќи сакате да му угодите на партнерот и подготвени сте да истражувате.

Рамена

Може да се каже дека сте роден губитник. Сè што ќе започнете завршува со неуспех. Луѓето не ве сакаат, па често сте осамени. Лош партнер сте, во кревет сте површни и тешко ќе најдете со кого да живеете.

Стомак

Многу сте просечни. Нема сомнеж дека имате внатрешна сила, но другите тешко можат да ја забележат. Би требало да научите како да го покажете она што го носите во себе. Просечни сте и во сексот. Иако фантазирате за различни пози, немате храброст да ги спроведете на дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот