ВИДЕО | Хаос во Милано — силно невреме и град го прекинаа концертот на Бед Бани пред 80.000 луѓе
Концертот на порториканската мегаѕвезда Бед Бани во Милано беше итно прекинат во саботата навечер, откако силно невреме со град во облик на ледени топки присили 80.000 луѓе да го напуштат концертот на отоврено, јавуваат италијанските медиуми.
Препорачано
@roshini.ramasamy Bad bunny concert in Milan @Live Nation Italia pls give us a refund 🤡 #badbunny #dtmf #livenation #fail #milano ♬ Saxophones getting louder – Sped Up – AntonioVivald
Како што пренесуваат агенциите АНСА и Аднкронос, повикувајќи се на противпожарната служба, неколку посетители биле погодени во глава од големите ледени топки, по што морала да интервенира и брза помош за да им укаже медицинска помош. Засега сè уште не е познато дали концертот ќе се повтори, а револтираните фанови на ТикТок веќе масовно бараат поврат на парите.
@timmydepizza Concerto annullato ma la pioggia l’abbiamo comunque presa… #badbunny #storm #concert #badbunnystorm ♬ original sound – Tyra
Инаку, Бед Бани моментално се наоѓа на својата европска турнеја која трае до 22 јули. 32-годишниот артист е заслужен за лансирањето на регетонот и латино-трапот на самиот врв на глобалната поп-сцена, а годинава беше и главна ѕвезда на полувремето на Супербоул, каде што приреди вистински спектакл на шпански јазик.
Неговиот последен албум „Debi Tirar Mas Fotos“ силно ги нагласува традиционалните порторикански ритми, пренесувајќи важна социјално-политичка порака спакувана во исклучително танцов стил.
ВИДЕО | Откриено кое е момчето што Бед Бани го изненади подарувајќи му го својот Греми


