Бед Бани / Фото: Matt Winkelmeyer / Getty images / Profimedia

ВИДЕО | Откриено кое е момчето што Бед Бани го изненади подарувајќи му го својот Греми

Порториканската музичка ѕвезда Бед Бани за време на настапот на полувремето на Супер Боулот, кој се одржа на стадионот „Леви’с“ во Санта Клара, му го подари својот неодамна освоен Греми на едно момче, а јавноста веднаш почна да се прашува за кого се работи. Иако на социјалните мрежи првично се прошири информација дека станува збор за петгодишниот Лиам Рамос од Вашингтон, кој наводно неодамна бил приведен од припадници на ICE, се покажа дека тоа не е точно.

Всушност, станува збор за младиот актер Линколн Фокс, што за „Lead Stories“ го потврди Кристен Штенкел, портпаролка на училиштето кое го посетува момчето. Таа додаде и дека Лиам и неговото семејство во моментов не се појавуваат во јавноста, како и дека администрацијата на Трамп ја забрзала постапката за нивниот азил.

Линколн Фокс, пак, има потекло од Египет и Аргентина, а роден е во Коста Меса, Калифорнија. Досега има снимено реклама за „Target“, како и реклама за играчки за „Walmart“. Освен со глума, тој се занимава и со моделинг.

Инаку, музичките ѕвезди беа во центарот на вниманието на 60. Супер Боул, а настапот на Бед Бани на полувремето беше вистинска музичка прошетка низ порториканската култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот