Фото: Pexels.com

Како да решите конфликт без расправија — Михаил Литвак советува како да ги средите односите дома и на работа без викање

Не борете се, бидејќи неизбежно ќе станете она против што се борите, а преголемата сила секогаш го има спротивниот ефект. Ова е главниот совет на Михаил Литвак, познат лекар, психотерапевт и меѓународно признат психијатар, кој го разви и прв во пракса го примени системот за решавање конфликти наречен „психолошки аикидо“.

Секаде каде што има повеќе од една личност, конфликтите се неизбежни. Секојдневно сме принудени да изнесуваме или да слушаме аргументи, а колку повеќе општествени улоги имаме, толку е поголем материјалот за дискусија. За жал, овие дискусии често не се конструктивни, туку се претвораат во сериозни расправии кои предизвикуваат тешки психолошки повреди. Токму затоа, познатиот руски психијатар го смислил овој метод кој успешно се применува во семејното советување, но и во деловниот свет.

Караница – Фото: pexels-liza-summer

Исто како што аикидо борецот паѓа во насоката во која непријателот го турка, повлекувајќи го противникот со себе и користејќи ја неговата сопствена сила, така функционира и психолошкиот аикидо. Во контроверзни ситуации, кога е потребно да се покаже здрав разум и смиреност за да се придобие противникот без тој да се навреди, оваа тактика е најефикасна.

Пред да се нападне соговорникот, потребно е да се згасне неговиот отпор и желбата за докажување, што се постигнува со јасни, елоквентни и убаво изнесени аргументи. Ова знаење може да се користи и за превентивна амортизација. На пример, на работа можете самите да отидете кај шефот и да го известите за сопствените грешки уште пред тој да почне да ве критикува.

Литвак советува дека треба да научиме да бидеме водени за да можеме да ги водиме другите. Оној кој вика на вас, тоа го прави во афект, што значи дека неговата свест е исклучена и затоа е смешно да се разговара со него, исто како што е смешно да се зборува со човек кој спие. Викањето како одговор на туѓото викање е еднакво на удирање давеник со весло. Тој човек всушност се дави во сопствениот бес, па затоа не треба да му помагате во тоа.

Љубов, врска, караница – Фото: Freepik

Кога ни е лошо, сите ние обвинуваме, вриеме и плачеме, па затоа кога некој вика на нас, тоа значи дека тој се чувствува лошо и неговите зборови се само плач поради болка. Најдобар начин да го запрете е да молчите и да го пуштите да се смири. Едноставниот молк и смиреното набљудување додека противникот „’ржи“ имаат ефект на ладен туш. Да се молчи додека во себе имате силна желба да се докажувате е исклучително тешка задача, но тоа е мудрост која се исплати затоа што кога едната страна во конфликтот ќе се однесува зрело, и другата брзо ќе се смири, спасувајќи го сопственото здравје и мирот во околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот