Џеред Кушнер/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Почесен македонски конзул во Косово е дел од мрежата на Кушнер — негова фирма го гради аеродромот кај Валона, објави ИРЛ

Името на Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, со месеци предизвикува масовни протести и т.н. Фламинго револуција во Албанија. Но, покрај планираните луксузни туристички проекти на неговиот фонд „Affinity Partners“ во Албанија, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) од Скопје и медиумската организација „Штег“ објавија истражување кое, како што велат, открива прикриена меѓународна мрежа за финансирање на изградбата на новиот аеродром кај Валона, во која улога имал и македонски почесен конзул во Косово.

Истражувањето открива дека „SEI Investments Company“ — фирмата што го води сметководството на приватните фондови на Кушнер, поддржани од Саудиска Арабија — се појавува како инвеститор во кредитна линија без транспарентна структура во износ од 100 милиони евра за изградба на аеродромот во Валона. Парите се пласирани преку сложен триаголник од новоосновани приватни фондови во Малта и Луксембург, што оневозможува да се откријат вистинските сопственици, стои во истражувањето.

ИРЛ нагласува дека скандaлот добива силна регионална димензија бидејќи една од двете фирми што го градат аеродромот му припаѓа на Валон Адеми, почесен конзул на Македонија во Гњилане, Косово. Според истражувачите, Адеми ја добил оваа дипломатска функција од македонската Влада и покрај тоа што претходно бил разрешен од Албанија, имал пријави во косовската полиција за закани, а негови семејни фирми биле поврзувани со тендерски нерегуларности.

Додека албанското Специјално обвинителство (СПАК) веќе поднесе обвиненија за местење на меѓународниот тендер за аеродромот, од ИРЛ посочуваат дека истражувањето за првпат открива врска меѓу финансирањето на аеродромот, фирми поврзани со фондовите на зетот на Трамп и матни балкански политички и бизнис кругови.

Албанската влада ја увери ЕУ дека еколошки ќе го процени проектот на зетот на Трамп, вели Кoс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот