ФОТО | Eдна од најубавите на Медитеранот — ова е грчката плажа каде што се снимаше „Одисеја“ на Кристофер Нолан
На југозападниот дел од Пелопонез, во грчкиот регион Месенија, се наоѓа плажа во речиси совршена форма на грчката буква „омега“ (Ω). Тоа е плажата Воидокилија, опкружена со песочни дини, тиркизно море и лагуна, пишува „Пункуфер“.
Препорачано
Популарна е поради недопрената природа, но и поради отсуството на современ туризам. Тука нема да најдете кафулиња, ресторани, па дури ни место за изнајмување лежалки. Областа е заштитена како дел од еколошката мрежа „Натура 2000“.
И покрај ова, туристите ја обожаваат и со задоволство ја посетуваат во текот на летото. Морето е мирно, исклучително чисто и плитко, а околниот пејзаж е прекрасен. Во близина се наоѓа лагуната Гиалова, важно место за одмор за многу птици преселници.
Воидокилија веројатно ќе привлече уште повеќе посетители по премиерата на епскиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан, која делумно е снимен тука.

Ова не е изненадување ако знаете дека под тврдината Палиокастро се наоѓа Несторовата пештера, која традиционално се поврзува со Хомеровата „Одисеја“ и била користена како една од локациите за снимање на филмот.
На североисточниот крај од плажата се наоѓа гробницата на Несторовиот син Трасимед, која датира од микенскиот период. На истата локација се пронајдени и докази дека оваа област била населена околу 4000 година п.н.е.
Љубителите на археологијата особено ќе го сакаат ова место. Јужно од Воидокилија се наоѓа селото Корифасион, на местото каде што некогаш се наоѓал античкиот град Пилос.


