ВИДЕО | Коментаторите го помешаa Мет Дејмон со Бред Пит за време на финалето на Светското првенство
Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина донесе многу возбудувања на теренот, но и една забавна грешка во телевизискиот пренос што брзо се прошири на социјалните мрежи.
Препорачано
За време на преносот на „Фокс спортс“, коментаторот Џон Стронг изјави дека меѓу присутните на трибините се наоѓа и холивудската ѕвезда Бред Пит.
„Бред Пит е исто така меѓу навивачите вечерва“, рече Стронг.
Неговиот колега Стју Холден веднаш го исправи.
„Тоа е Мет Дејмон“, одговори тој.
Odyssey star Matt Damon got mistaken for Brad Pitt on the World Cup Final broadcast pic.twitter.com/1I2tZ804lE
— Türkiye Today (@turkiyetodaycom) July 19, 2026
Се покажа дека Бред Пит воопшто не бил на стадионот, а камерите всушност го снимиле актерот Мет Дејмон, кој финалето го следеше заедно со сопругата Лусијана Дејмон, која е родена во Аргентина.
Да потсетиме, Мет Дејмон деновиве е актуелен по светската премиера на филмот „Одисеја“ (The Odyssey), во режија на Кристофер Нолан, во кој ја игра главната улога.
Во текот на промотивната турнеја актерот откри дека на финалето навивал за Аргентина поради својата сопруга Лусијана Баросо, која потекнува од оваа земја. Двојката е во брак од 2005 година.
Иако коментаторската грешка траеше само неколку секунди, снимката брзо стана вирална и предизвика бројни шеги на социјалните мрежи, каде многумина се забавуваа со тоа што двајцата холивудски актери повторно беа помешани.


