Трет златен медал за Дамјан Давков на Интернационалната математичка олимпијада во Шангај - Фото: Умно

Неверојатен успех — Дамјан Давков освои златен медал на Интернационалната математичка олимпијада во Шангај

Македонскиот претставник Дамјан Давков освои златен медал на 67. Интернационална математичка олимпијада (ИМО), која од 10 до 21 јули се одржува во Шангај, Кина. Со ова, Давков го постигна својот трет златен медал на најпрестижното светско натпреварување, по претходно освоените златни медали во Јапонија 2023 година и во Бат и Англија во 2024 година.

Во својата досегашна кариера, тој на оваа олимпијада има освоено и три сребрени медали.

Златен медал за Дамјан Давков на Интернационалната математичка олимпијада во Шангај – Фото: Умно

На натпреварувањето во Кина забележителен успех остварија и останатите членови на македонскиот тим, кои донесоа уште четири признанија за нашата земја.

Со бронзени медали се закитија, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Андреј Тасиќ.

Престижна пофалница за својот настап доби Филип Калкашлиев, а на олимпијадата успешно се претстави и младиот Марко Митевски.

Овој резултат претставува уште еден значаен успех за македонската наука и потврда за континуираниот квалитет и високиот талент на младите македонски математичари на меѓународната сцена.

Еден бронзен медал и три пофалници — Голем успех за Македонија на Светската олимпијада по хемија во Узбекистан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот