Еден бронзен медал и три пофалници — Голем успех за Македонија на Светската олимпијада по хемија во Узбекистан
Ученикот Даниел Христов од СОУГ „Славчо Стојменски“ од Штип оствари неверојатен меѓународен успех, освојувајќи престижна пофалница на 58. Меѓународна олимпијада по хемија, која годинава се одржа во Ташкент, Узбекистан, пишува „Умно“. Покрај големиот успех на штипјанецот, со признанија се закитија и Теона Ана Георгиевска од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје која освои бронзениот медал, Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје кој доби пофалница и Георги Николоски од СОУГ „Мирче Ацев“ од Прилеп кој исто така доби пофалница.
Препорачано
Во конкуренција од дури 363 ученици кои допатуваа од 93 држави од целиот свет, македонскиот тим уште еднаш докажа дека нашите средношколци рамноправно се носат со најголемите светски умови. Македонската експедиција од Узбекистан се враќа со еден бронзен медал и три пофалници.

Зад овој огромен успех на нашите тинејџери стојат сериозни подготовки организирани од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, како и несебичната поддршка од поранешни олимпијци, студенти, асистенти и професори од Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.
Успехот на младиот Даниел Христов е огромна гордост и потврда дека со труд, дисциплина и талент, границите не постојат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


