Бед Бани на Супербоул/Фото: EPA/CHRIS TORRES

ВИДЕО | Бед Бани со настапот на Супербоул постави нов светски рекорд: Собра четири милијарди прегледи за само 24 часа

Историскиот настап на Бед Бани на Супербоул постави нов рекорд на гледаност, со повеќе од четири милијарди луѓе што го проследиле неговиот перформанс. НФЛ, Рок Нејшн и „Епл Мјузик“ соопштија дека неговиот настап во рок од 24 часа собрал 4,157 милијарди прегледи.

Овие бројки ги опфаќаат глобалните податоци од телевизиското емитување, како и прегледите на Јутјуб и на социјалните мрежи.

Пошироката статистика беше објавена откако претходно беше откриено дека настапот на Бед Бани привлекол 128,2 милиони гледачи за време на директниот пренос на Супербоул.

Со тоа постави нов рекорд во историјата на настанот, веднаш зад рекордното шоу на Кендрик Ламар од минатата година, кое привлече 133,4 милиони гледачи, пишува магазинот „Ролинг Стоун“.

По Супербоул, Бед Бани ја продолжи следната етапа од својата светска турнеја „Debi Tirar Mas Fotos“. Веќе одржа настапи во Сиднеј, додека во Токио ќе настапи на 7 март. Европските концерти се планирани за крајот на мај, а турнејата треба да трае до крајот на јули годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот