Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа позираат по прес-конференцијата пред нејзиниот настап на „Сани Хил фестивал“ во Приштина на 4 август 2022 година./Фото: Armend NIMANI / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Родителите на Дуa Липа уловени на концертот на Дино Мерлин, наглас ги пеат хитовите

Босанскиот пејач Дино Мерлин во Црна Гора приредил интимна вечер за паметење, која ги собрала обожаватели од целиот регион. Меѓу публиката се истакнале родителите на музичката ѕвезда Дуа Липа, кои не ги криеле емоциите пеејќи ги легендарните регионални хитови на Мерлин.

Регионалната музичка ѕвезда Дино Мерлин настапил на една од најатрактивните локации во Црна Гора, во ресторан со импресивен поглед на Бока Которска и заливот при зајдисонце. Публиката уживала во спојот од природна убавина и музика, а родителите на познатата пејачка Дуа Липа го привлекле вниманието на многумина.

 

Дукаѓин и Анеса Липа, родители на Дуа, привлекле големо внимание кај јавноста и на социјалните мрежи. На видеата што се појавија на мрежите, може да се види дека тие со големо воодушевување го следат настапот на Дино Мерлин. Иако нивната ќерка ги освојува светските топ листи, семејството Липа никогаш не криело силна врска со културата и музиката на подрачјето од кое потекнува, а мајката на Анеса е по потекло од Босна и Херцеговина.

Мерлин го отворил концертот со песната „Да шутиш“, по што следеа хитови како „Кад си рекла да ме волиш“, „Средином“ и „Све је лаж“. Кулминација на вечерта за родителите на славната пејачка бил моментот кога наглас со остатокот од публиката ги пееле песните „Јорговани“, „Босном бехар пробехарао“, „Брига“ и „Је л’ Сарајево гдје је некад било“ во дует

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dukagjin Lipa (@dukagjinlipa)

ВИДЕО | Папараци ги прогонуваа Дуа Липа и Калум Тарнер во Париз: „Ова е навистина непријатно и исцрпувачки“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот