Фото: mkd.basketball

Берокал: Посакувам во август да бидеме комплетни и подготвени за важниот старт во Австрија

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

По минхенската ждрепка, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се натпреваруваат во групата „Ф“, заедно со селекциите на Австрија и Кипар.

По извлекувањето на групите, Берокал оцени дека Македонија ја очекуваат двајца сериозни ривали, а акцентот го стави на добрата подготовка и желбата репрезентацијата да биде комплетна за претстојните натпревари.

– Ја започнуваме втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во месец август. Австрија и Кипар се добри репрезентации, доаѓаат од квалификациите за Светското првенство и ќе видиме што ќе ни донесат овие натпревари. Имаме шест недели до почетокот на подготовките, кои ќе бидат многу важни за нас, затоа што нè очекуваат тешки натпревари, а стартуваме со гостување во Австрија – вели Берокал.

Шпанскиот стратег нагласува дека најголем приоритет е на располагање да ги има сите репрезентативци, за Македонија да настапи во најсилен состав.

– Најважно ми е да ги имаме сите играчи на располагање, добро да се подготвиме и се надевам дека сите ќе можат да се јават на повикот. Желбата ми е да играме во најсилниот ростер. Се надевам дека во август ќе го имаме најдобриот можен тим за дуелот со Австрија и успешно ќе ја започнеме оваа квалификациска рунда – кажа македонскиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот