Роналдо: „Кристијано можеби е добар за Саудиска Арабија, но не е за на Светско првенство“
Португалската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство уште во осминафиналето по елиминацијата од Шпанија, а меѓу најкритикуваните по турнирот се најде и капитенот Кристијано Роналдо.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На бројните коментари за неговите настапи сега се надоврза и бразилската легенда Роналдо Назарио, кој смета дека 40-годишниот Португалец повеќе не може да одговори на барањата што ги носи едно Светско првенство.
„Со текот на времето телото само ви покажува кога повеќе не може. Борбата против сопственото тело е најтешката битка. Верувам дека Кристијано сè уште има квалитет да игра во Саудиска Арабија, но Светското првенство е сосема поинакво ниво и таму разликата јасно се забележува“, изјави двократниот светски шампион.
Роналдо нагласи дека никој, без разлика на кариерата и успесите, не може да го избегне природниот тек на стареењето.
„Колку и да го сакаме фудбалот и да посакуваме да играме засекогаш, на крајот телото е тоа што ја носи конечната одлука. Јас денес не играм затоа што главата сè уште сака, но телото повеќе не може да го следи тоа“, додаде Бразилецот.
Кристијано Роналдо на годинашното Светско првенство настапи на пет натпревари и постигна три погодоци.
ФОТО | Oткриено е кој репрезентативец на Англија го добил дресот на Меси по натпреварот
Мундијалски дрес на Пеле продаден за речиси пет милиони долари, но Марадона остана далеку пред него


