Бесир Исени/Livingston FC

Уште еден македонски фудбалер направи трансфер во Шкотска

Македонскиот фудбалер Бесир Исени е нов член на шкотски Ливингстон, кој официјално го потврди неговиот ангажман преку клупските канали.

Исени во Шкотска пристигнува од косовски Дукаѓини, каде што настапуваше во изминатите две сезони, а со Ливингстон потпиша договор со важност до 2028 година.

Од клубот изразија задоволство од реализираниот трансфер и порачаа дека очекуваат македонскиот интернационалец да биде значајно засилување во составот за новата сезона.

Пред настапите во Косово, Исени го носеше дресот на албанска Тирана, а две сезони беше дел и од македонскиот прволигаш Струга Трим Лум.

Ливингстон минатата сезона испадна од шкотската Премиер лига, a клупските амбиции се експресно враќање во елитното друштво и во таа мисија ќе сметаат и на придонесот на македонскиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот