Мајкл Олисе не се сели на „Сантијаго Бернабеу“?
Мајкл Олисе важи за еден од најдобрите фудбалери во светот и сè уште е сериозен кандидат за „Златната топка“, и покрај тоа што Франција беше елиминирана од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Левоногиот офанзивен играч одигра одличен Мундијал, продолжувајќи ја извонредната форма што ја прикажуваше во текот на целата сезона.
Во меѓувреме, Реал Мадрид силно работеше на негов ангажман, а лично претседателот Флорентино Перез ја предводеше операцијата. Првиот човек на „кралскиот клуб“ веќе со месеци го смета Олисе за приоритет кога се работи за трансферите, уште откако францускиот репрезентативец блесна против Реал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Оттогаш, наместо да се намали, интересот на Реал само дополнително се зголемил, бидејќи во Мадрид се убедени дека Олисе е комплетен офанзивец кој совршено се вклопува во нивните планови за иднината.
Французинот порачал дека останува во Минхен, следува нов договор и двојно поголема плата
По сите шпекулации, германскиот „Скај“ објави дека состанокот меѓу агентите на Олисе и спортскиот директор Макс Еберл навистина се одржал.
Но, пораката не била дека Французинот сака да замине во Реал. Напротив.
Според германскиот медиум, агентите јасно порачале дека Олисе сака да остане во Баерн, со што, барем засега, е ставена точка на сите шпекулации.
Во Баерн никогаш сериозно не се исплашиле дека би можеле да загубат еден од своите најдобри играчи.
Дури и кога првпат се појавија информации за интерес од Реал, а потоа и кога Санти Ауна објави дека Французинот сака трансфер, во Минхен останале смирени.
„Ние играме фудбал и за навивачите, не само за парите. Имаме 430.000 членови и огромна одговорност кон нив. Имаме и милиони навивачи ширум светот. Што ќе им значат дополнителни 200 милиони евра ако изгубиме играч како Олисе? Поважно е секоја недела да играме добар и атрактивен фудбал“, изјави претходно Ули Хенес.
Во последните недели покрај Хенес, ситуацијата ја коментирале и претседателот Херберт Хајнер, како и луѓето од спортскиот сектор.
Во меѓувреме, самиот Олисе молчеше, а шпекулациите не престанаа ниту откако Дајо Упамекано од Светското првенство порача:
„Тој останува. Приказната е завршена.“
1 – Florentino Pérez has personally assured Bayern that Real Madrid are not pursuing Olise this summer and have no intention of making a move now. Bayern trust Pérez 100%, based on the exceptional relationship between the two clubs.… https://t.co/Ir1YUXTIXG
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 17, 2026
Плетенберг повторно потенцира:
„Во Баерн се целосно опуштени. Од перспектива на клубот, Олисе не е на продажба, без разлика колку висока би била понудата.“
Неговиот колега Флоријан Хартман открива дека доколку започнат преговори за нов договор, Олисе би станал еден од трите најплатени играчи во Баерн.
Во моментов заработува нешто повеќе од 13 милиони евра годишно, а со нов договор до 2031 година неговата плата би можела речиси да се удвои и да достигне околу 25 милиони евра по сезона.
Од перспектива на Реал Мадрид, по неодамнешната средба меѓу Флорентино Перез и Херберт Хајнер, кои имаат одлични односи, се тврди дека „кралскиот клуб“ немал намера ниту да испрати официјална понуда пред да биде сигурен дека играчот сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Бидејќи тоа не се случило – ако воопшто Реал некогаш сериозно се обидел – во Баерн сметаат дека оваа приказна е завршена и клубот може целосно да се посвети на останатите трансфер активности.


