ФОТО | Oткриено е кој репрезентативец на Англија го добил дресот на Меси по натпреварот
По полуфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Англија беше познато дека Лионел Меси размени дрес со еден од англиските репрезентативци, но не се знаеше за кого станува збор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мистеријата ја разреши сестрата на англискиот дефанзивец Џед Спенс, која на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека токму тој е новиот сопственик на дресот на аргентинската легенда.
Спенс остави одличен впечаток во редовите на Англија во полуфиналниот дуел на Светското првенство. Со неколку сигурни дефанзивни реакции беше меѓу најдобрите на теренот, а особено се издвои неговиот лизгачки старт со кој во последен момент го спречи Џулијано Симеоне да постигне гол.
Во моментот на таа интервенција Англија водеше со 1:0, но не успеа да ја задржи предноста. Аргентина направи пресврт и избори пласман во финалето, а Лионел Меси беше клучен во победата со две асистенции.
Djed Spence’s sister posted on Instagram story of her brother sat with Lionel Messi’s Argentina shirt 😭
📷 bri_sx pic.twitter.com/mrmzZwwL2L
— Banks (@KobiiBanks) July 16, 2026
Претседателот на Аргентина поради суеверие нема да го гледа финалето во живо


