ФОТО | Меси го држел во раце кога бил бебе, а сега ќе се сретнат во финалето на Мундијалот
Целиот свет со нетрпение го очекува финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе донесе дуел меѓу сегашноста и иднината на светскиот фудбал, но и една приказна која пред речиси две децении изгледаше како обична хуманитарна акција, а денес претставува една од најфасцинантните случајности што произлегле од фудбалот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во 2007 година, тогаш 20-годишниот Меси, кој штотуку го започнуваше својот подем во дресот на Барселона, учествуваше во една хуманитарна фотосесија организирана од фондацијата УНИЦЕФ и шпанскиот весник „Диарио Спорт“. Во рамките на проектот, фудбалерите на Барселона позираа со деца од локалната заедница за календар со хуманитарна цел.
На една од фотографиите Меси држи и капе петмесечно бебе во леген. Тоа бебе бил Ламин Јамал, момче кое речиси две децении подоцна ќе стане една од најголемите светски фудбалски ѕвезди и лидер на шпанската репрезентација. Никој тогаш не можеше ниту да замисли дека тоа бебе сега токму против Меси ќе го игра најпрестижниот натпревар во фудбалот.
A 20-year-old Messi holding a baby Lamine Yamal during a 2007 charity photoshoot is an unbelievable twist of fate pic.twitter.com/5D4A4nM4ts
— culture jpeg (@culturejpg) June 25, 2026
Со долга коса и облечен во бел дуксер, Меси тивко ја напуштил соблекувалната на „Камп Ноу“ и влегол во соседната просторија, каде што се сретнал со 16-годишната Шејла Ебана и со нејзиното петмесечно бебе. Младата мајка, по потекло од Екваторска Гвинеја, живеела во Каталонија, каде што работела како келнерка. Заедно со својот партнер Мунир Насрауи, кој потекнува од Мароко, го одгледувале својот син во градот Матаро, околу 30 километри од Барселона. Нивното семејство било избрано преку лотарија организирана од УНИЦЕФ и добило можност да се фотографира со еден од фудбалерите на Барселона.
Фотографијата ја направил каталонскиот фотограф Жоан Монфорт, кој во изјава за „CNN“ призна дека со поминувањето на годините целосно заборавил на неа.
„Живеам како во сон“, изјави Монфорт откако фотографијата повторно го обиколи светот.
Таткото на Јамал ја разгоре приказната
Фотографијата повторно стана актуелна откако таткото на Ламин Јамал ја објави на социјалните мрежи со опис: „Почетокот на две легенди“. Набрзо потоа, Монфорт среде ноќ добил повик од редакцијата на каталонскиот весник „Спорт“.
„Ме прашаа: ‘Дали ова е твоја фотографија?’ Им одговорив дека е. Потоа јас ги прашав: ‘Кое е ова бебе?’ Ми рекоа: ‘Секако дека знаеш кој е Меси, а бебето е Ламин Јамал.’“
Фотографот се присети дека Меси тогаш бил многу повлечен.
„Беше многу срамежлив, но исклучително професионален.“
Реакцијата на Ламин Јамал на виралната фотографија
Денес Ламин Јамал е симбол на новата генерација во Барселона. Тинејџерот го привлече вниманието на светот со своите настапи и беше еден од главните играчи во походот на Шпанија до европската титула во 2024 година. Многумина сметаат дека токму тој е вистинскиот наследник на Меси во каталонскиот гигант, откако и самиот помина низ прочуената академија „Ла Масија“.
“It was a difficult shot,” photographer Joan Monfort told The Athletic. “We can say I sweated some blood to take it.”
In December 2007, Monfort took a photo of a 20-year-old Lionel Messi, who had begun his Barcelona career just over three years earlier, and Lamine Yamal — who… pic.twitter.com/bPKli1IHWq
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) July 6, 2026
Јамал призна дека со години воопшто не знаел дека постои фотографијата, дури подоцна неговиот татко му кажал за неа.
„Не мислам дека некому му пречи кога го споредуваат со најголемиот фудбалер во историјата, но на крајот таквите споредби можат да бидат товар, бидејќи никогаш нема да бидеш тој“, изјави Јамал, коментирајќи ги честите споредби со Лионел Меси.
По победата на Шпанија над Франција во полуфиналето, на Јамал повторно му била покажана токму таа легендарна фотографија.
„Се надевам дека ќе играм против него во финалето“, изјави насмеаниот Јамал.
🚨🚨🎙️| LAMINE YAMAL, reacting to his iconic baby photo with Messi in a bathtub: “I hope to 𝐟𝐚𝐜𝐞 𝐡𝐢𝐦 𝐢𝐧 𝐚 𝐟𝐢𝐧𝐚𝐥” 🌟🤩pic.twitter.com/c1bseFGVdZ
— Goals Side (@goalsside) July 14, 2026
Неговата желба се оствари.
Сега, 19 години по нивната прва средба, Меси и Јамал повторно ќе бидат еден спроти друг. Но, наместо пред фотоапарат и леген со вода, ќе се борат за највредниот трофеј во светскиот фудбал, титулата светски шампион.
Ученикот против учителот — двајца големи пријатели во финалето на Мундијалот


