ВИДЕО | Aнглија се „исплаши“ да победи, Аргентина со нов пресврт закажа финале против Шпанија
Аргентина со уште еден натпревар во кој направи пресврт обезбеди место во финалето победувајќи ја Англија со 2-1.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како и што се очекуваше дуелот донесе голема борба, шанси ретко имаше и на двете страни, ниту една од двете селекции не успеа сериозно да се закани. Каква игра гледавме во првото полувреме најдобро покажува податокот дека не видовме удар во рамките од голот, а имаше дури 19 прекршоци.
Слична беше сликата и во почетните минути од второто полувреме, рабтите се променија во 55. минута. Хари Кејн се врати на својата половина, започна акција по која испрати долга топка до Роџерс кој нафрли во шеснаесетникот, а на вистинското место се најде новото засилување на Барселона, Ентони Гордон кој стрелашез за 1-0.
Од тој момент, Англија се повлече на својата половина, додека Аргентина тргна целосно во напад. Се редеа шанси пред голот на Пикфорд, погодена беше и стативата, некоја минута подоцна и Нико Гонзале пропушти добра прилика кога ударот заврши покрај стативата.
Казната за прераното повлекување за Англичаните стигна во 83. минута кога Енцо Фернандез од својот трет удар кон противничкиот гол постигна и израмни на 1-1. Аргентинците не застанаа тука, сакаа и до втор гол и човек на одлука беше Лаутаро Мартинез кој погоди по нафрлувањето од Меси.
Финалето помеѓу Шпанија и Аргентина се игра в недела од 21:00 часот, додека ден претходно Англија и Франција ќе играат за трето место.


