Македонските клубови ги добија противниците во европските одбојкарски натпреварувања
Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) денеска ги извлече двојките за новата сезона во европските клупски натпреварувања, во кои Македонија ќе биде претставена со четири екипи, по две во машка и женска конкуренција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Македонскиот шампион Штип УГД настапот ќе го започне во квалификациите за Лигата на шампионите, каде што за ривал го доби холандскиот Орион старс. Првиот натпревар ќе се одигра во Холандија во периодот од 20 до 22 октомври, додека реваншот е закажан една седмица подоцна во Штип. Доколку го елиминира Орион, Штип УГД во следното квалификациско коло ќе се сретне со словенечкиот АЦХ волеј од Љубљана.
Вицешампионот Струмица ќе ја претставува Македонија во Челинџ купот, каде што во првото коло ќе се соочи со финскиот Састамина. Струмичани ќе бидат домаќини на првиот меч, кој ќе се игра меѓу 10 и 12 ноември, а реваншот е предвиден една недела подоцна во Финска.
Во женска конкуренција, настап во Челинџ купот ќе имаат шампионот Работнички и Јанта волеј. Работнички за противник го доби грчкиот Заон кифисиа, додека Јанта волеј ќе ги одмери силите со чешка Прага. Натпреварите од оваа фаза на натпреварувањето ќе се играат од 27 октомври до 5 ноември.


