Тадеј Погачар: Кога ме исвиркуваат мислам на Ѓоковиќ
Словенечкиот велосипедистички ас, кога го исвиркуваат од публиката, мисли на Србинот, за полесно да се носи со ситуацијата
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар во вторникот ја обезбеди својата трета етапна победа на Тур де Франс, а воедно го зголеми и своето водство во генералниот пласман.
Препорачано
Носителот на жолтата маичка одвои време да одговори на прашање за неколкуте исвиркувања што ги доби, објаснувајќи дека ги надминува тие моменти мислејќи на својот идол, Новак Ѓоковиќ.
– Во таквите моменти секогаш размислувам за тенисот, за Новак Ѓоковиќ, за менталната сила што ја има. Бидејќи, да, мислам дека тој имал една од најтешките кариери во тој поглед, со многу исвиркување и понекогаш без причина, иако е еден од најголемите. Па кога некој ме исвиркува, мислам на Новак Ѓоковиќ и црпам инспирација од него – вели Словенецот.

Погачар објаснува дека сепак постои разлика помеѓу таквите ситуации во тенисот и во велосипедизмот.
– Во тенисот е еден на еден и, се разбира, навивачите се поделени 50-50. Во нашиот случај, кога некој ме исвиркува мене или некој друг, ја исвиркува целата група, бидејќи всушност не знаеме за кого е, гледате, бидејќи сите возиме заедно – вели Погачар.
Ѓорческа по настапот на Вимблдон скокна за 14 позиции на ВТА листата


