Н'Голо Канте/EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Еден од најомилените фудбалери во светот не доби ниту една минута на својот последен Мундијал

Легендарниот француски репрезентативец Н’Голо Канте кој со години беше симбол на пожртвуваност, скромност и борбеност за националниот тим, не доби ниту една минута на теренот на својот последен Мундијал.

Франција беше елиминирана во полуфиналето од Шпанија, а сега ја очекува само натпреварот за третото место. Можно е селекторот Дидје Дешан да му даде шанса на Канте во тој дуел, но тоа тешко дека ќе ја ублажи горчината, бидејќи не доби ниту една можност додека „триколорите“ се бореа за светската титула.

Фотографиите од репрезентативниот камп и од стадионите, каде што Канте беше само нем набљудувач, јасно покажуваат дека исчезна препознатливата насмевка од неговото лице. Фудбалската јавност отсекогаш го ценеше поради неговата скромност и тивок карактер, а на ова Светско првенство остана без можност достоинствено да се прости од најголемата фудбалска сцена.

Со години Канте беше еден од најважните играчи во средниот ред на Франција. Неговата незабележлива, но исклучително важна работа беше темел на успесите што репрезентацијата ги постигна во изминатата деценија. Тој имаше значајна улога во освојувањето на светската титула во 2018 година, но овојпат не доби шанса уште еднаш да го облече репрезентативниот дрес на најголемото фудбалско натпреварување.

Канте денес има 35 години и настапува за турскиот Фенербахче. Со оглед на неговата возраст, речиси е невозможно да се очекува дека за четири години повторно ќе биде дел од француската репрезентација и ќе настапи на следното Светско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот