ВИДЕО | Магијата на Мундијалот: Англичанец ја продал куќата само за да отпатува во САД
Фудбалот за некои навивачи не е само страст, туку начин на живот. За најверните поддржувачи, Светското првенство е момент кој не се пропушта, дури и кога цената е огромна. Додека некои натпреварите ги следат од своите домови, други се подготвени да направат незамисливи работи за да бидат дел од најголемата фудбалска сцена.
Препорачано
Еден од најекстремните примери е Англичанецот Енди Милн, навивач кој веќе го доби статусот „суперфан“. Милн досега ја следел Англија во живо на десет Светски првенства, а вниманието на јавноста го привлече и во Катар, каде на секој натпревар пристигнуваше со реплика од шампионскиот пехар.
Овој пат отиде чекор подалеку. За да отпатува во САД, Канада и Мексико и да биде дел од Мундијалот, Милн ја продал својата куќа за 350.000 фунти. Тој верувал дека Англија ќе остане на турнирот до самиот крај, а неговото предвидување се оствари – „Гордиот Албион“ стигна до полуфиналето, каде вечерва ќе се соочи со Аргентина во Атланта.
‘You have to have a bit of money behind you…it’s sad!’
England superfan Andy Milne speaks to @Benleo about how he had to sell his house to attend this year’s World Cup and despairs at the prices of the tournament’s tickets, calling them ‘awful’. pic.twitter.com/T9mYWP3Zqf
— GB News (@GBNEWS) June 16, 2026
„Го обожавам Светското првенство. Тоа е нешто посебно што не може да се повтори. Не сакам само да ги гледам натпреварите на телевизија, сакам да бидам таму, да патувам и да запознавам луѓе. Парите можат повторно да се заработат, но некои можности се појавуваат само еднаш“, порача Милн.
Но, тој не е единствениот кој направи голема жртва за фудбалот. Од другата страна на ривалството, аргентинските навивачи исто така покажаа колку значи репрезентацијата за нив.
Бруно Конти решил да го продаде својот автомобил за да може во живо да ја следи Аргентина на патот кон одбрана на светската титула.
View this post on Instagram
„Го продадов автомобилот за да дојдам тука и воопшто не се каам. Секој има свои приоритети, а мојот беше да ја гледам Аргентина на Светското првенство. Ако ја освоиме титулата, ќе се вратам дома и со автобус“, вели Конти.
Слична е приказната и на Фернандо од Кордоба, кој го продал својот автомобил за 6.000 долари за да отпатува во Америка и да го гледа Лионел Меси во живо.
„На сопругата не ѝ се допадна одлуката, но знаев дека морам да го направам тоа. Автомобил можам повторно да купам, но можноста да го гледам Меси на Светско првенство не доаѓа секој ден“, раскажа Фернандо.
ВИДЕО | Нејмар го лекува мундијалскиот неуспех на јахта од 20 милиони евра


